Активни четири пожари и четири под контрола
Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати - соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково - кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со кракот кон селата Палиград и Вражале во о0пштина Зелениково, во општина Македонски Брод - кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во општина Кичево - кај селата Тајмиште и месноста Дарда и во општина Гостивар - кај селото Горна Ѓоновица.
Под контрола се пожарите во селото Илинден, кај делчевското село Бигла, кај селото Туденце во општина Јегуновце и во општина Врапчиште - кај селата Ломница и Ѓерѓевиште.

