Активни 30 тина пожари, ДЗС најавува екипирање и акција
Вчера и денес на македонска територија евидентирани биле 29 пожари на отворен простор. Според последниот пресек од Центар за управување со кризи активни се пет: Прилеп, Валандово, Македонски Брод, Старо Нагоричане, Сарај.
Институциите се ангажирани и активно работат на локализирање и гаснење на пожарите.
Од Дирекцијата за заштита и спасување појаснуваат дека пилотите кои што оперираат во гасењето на пожарите имаат право да летаат само два пати од по три часа на ден. Во моментот имаат тројца пилоти, но директорот на ДЗС Стојанче Ангелов информира дека преговара со уште тројца кои имаат професионална дозвола и ер тракторите би биле пооперативни.
Освен малиот број на пилоти дирекцијата се соочува и со недостаток на инспектори кои што мониторираат колку се проведуваат препораките за заштита и спсување односно плановите.
Поради сувата вегетација, високите температури кои достигнуваат и до 400 С како и силниот ветер, опасноста од појава и ширење на нови пожари останува многу висока. ЦУК останува во состојба на зголемена готовност за дејствување.