Активистите во Иран повикуваат на тридневни национални протести и штрајкови

Иранските активисти повикаа на нов бран протести, почнувајќи од денеска, со цел да се нанесе економска штета на исламската република, пренесува ДПА

Од граѓаните е побарано да се воздржат од пазарење во следните три дена за да се спречи циркулација на пари во иранскиот банкарски систем. Што е можно повеќе продавници, особено во економските центри како што се чаршиите во големите градови, треба да останат затворени до среда, сугерираат активистите.

 

Иран е зафатен од национални протести по смртта на Курдката Махса Амини, која беше уапсена од полицијата за морал во земјата поради кршење на строгиот исламски кодекс на облекување на жените во Иран. Локалните медиуми тогаш јавија дека таа била приведена од полицијата за морал бидејќи неколку прамени коса биле видливи под нејзината шамија, позната и како хиџаб. Таа почина во полициски притвор неколку дена по апсењето во средината на септември.

Повикот за нови протести доаѓа откако иранското раководство, наводно, одлучило да ја распушти полицијата за морал, според иранскиот јавен обвинител Мохамед Џафар Монтазери.

Сепак, набљудувачите во голема мера сметаат дека ова е обид да се смират демонстрантите во контекст на планираните тридневни демонстрации.