Активен нов пожар во Кривопаланечкото село Киселица
Foto

Активен нов пожар во Кривопаланечкото село Киселица

Во селото Киселица, Кривопаланечко, од пред еден час е активен голем шумски пожар.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен. Информираат дека пожарот зафатил дабова шума, но има и ветер што дополнително го разгорува и проширува.

На терен е и екипа на Тимот за одговор и дејствување при катасторфи од Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка, кој со волонтери изминатите денови помага и во гасење на пожарите, како и со логистичка поддрша и обезбедување вода за пиење. На терен се активни и директно вклучени во помош во справувањето со пожарите, не само во Крива Паланка, туку и во Ранковце и Куманово.

0 Коментари

Остави коментари