Актерот Витанов за завршницата на артистичката кариера во интервју за ТВ 24

Велешкиот театар ја изведе премиерата на претставата Татко, од еден од најзначајните млади француски автори, Флоријан Зелер. Режисер е Ненад Витанов, кој одбра симболичен наслов, за да му ја додели главната улога на неговиот татко Јордан Витанов, актерот кој со оваа претстава се пензионира од ансамблот на велешкиот театар. Владимир Тевчев разговараше со актерот.