Актерот Веселинов награден на Берлиналето
Foto

Актерот Веселинов награден на Берлиналето

Актерот Благој Веселинов и другите европски учесници на „Шутинг старс“ на Берлинскиот филмски фестивал вчеравечер ги добија наградите од манифестацијата за млади актерски ѕвезди. Свечената церемонија на доделување на наградите на најдобрите млади актери во европа се одржа во салата „Берлин палас“, под покровителство на платформата европска филмска промоција. Веселинов, ѕвездата на „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, е меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во европа, со уште девет актери од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија. На актерите за време на берлиналето добиваат можност да се претстават пред филмската индустрија и критика.

 

0 Коментари

Остави коментари