Актерот Алек Болдвин на филмски сет со филмско оружје смртно ја застрела директорката на фотографија и го рани режисерот
Foto

Актерот Алек Болдвин на филмски сет со филмско оружје смртно ја застрела директорката на фотографија и го рани режисерот

Смртоносен инцидент на снимањето на филм во Ново Мексико. Славниот холивудски актер, Алек Болдвин, смрно ја застрела директорка на фотографија и го рани режисерот за време на снимањето на филмот Rust.

Инцидентот се случил за време на пробата во дрвена црква која била наменски направена за снимањето, а главниот актер, Болдвин пукнал со пиштолот несвесен дека ќе ги повреди неговите колеги..На лице место починала директорката на фотографија, Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза бил префрлен во болница. Попладнево тој бил пуштен на домашно лекување откако неговата состојба била стабилизирана.

Болдвин веднаш заминал на разговор во полицијата а на Твитер се појавија фотографии од расплаканиот актер направени по несреќата. Полицијата сега истражува како дошло до инцидентот и како во пиштолот, кој требало да биде реплика, се нашол вистински куршум. Се уште е нејасно и зошто Болдвин пукал во луѓе што не биле дел од актерската екипа.

„Според истражувачите, изгледа дека сцената што се снимала вклучувала употреба на огнено оружје кога се случила несреќата. Детективите истражуваат како и кој вид на проектил бил испукан.“ - изјави Хуан Риос - портпаролот на полицијата во Санта Фе.

Кои се безбедносните правила на филсмките сетови, за време на снимањата? 

„Барутот и другите работи кои излегуваат од пуштолот може да ги повредат луѓето. Затоа мора да има задолжително растојание од 6 метри меѓу актерите. Безбедноста на филмските сетови е на високо ниво и секогаш мора да се следат правилата.“ - изјави Лери Заноф – безбедносен експерт. 

Од продуцентската куќа информираа дека снимањето на филмот е запрено а екипата целосно ќе соработува во истрагата на полицијата за расчистување на несреќата.

Оваа не е ваков прв инцидент во филмската индустрија. Во 1984 година актерот Џон Ерик Хексам почина откако се самоубил со пуштол кој бил реплика.

Во 1993 година актерот Брендон Ли, син на Брус Ли, почина за време на снимање откако беше застрелан..Обдукцијата подоцна покажала дека тој бил усмртен со вистински куршум. Тој почина на 28 годишна возраст.

0 Коментари

Остави коментари