Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ пронајдена мртва
Foto

Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ пронајдена мртва

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, вечерва е пронајдена мртва во стан во Скопје. Засега не се познати причините, а од МВР ја потврдија информацијата. Полицијата ги проверува причините за смртта.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти. Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

0 Коментари

Остави коментари