Актерите во Струмица со протестен перформанс побараа оставка од Стефоска
Foto

Актерите во Струмица со протестен перформанс побараа оставка од Стефоска

Струмичките актери со протестен перформанс го одбележаа денот на театарот и побараа оставка од минситерката за култура Ирена Стефоска, бидејки институциите во државата останаа на изборот на Васил Бубев за директор на Центарот за култура Антон Панов.

Тие освен што ја прочитаа светската и македонската театарска порака напишани од британската актерка Хелен Мирен и македоснката Сузан Акбелге, како иницијатива ,, Култура или Фис-Култура’’ побара итна и неотповиклива оставка на министерката

Тие денеска пред Националната установа центар за култураа одиграа фрагменти од неколку театарски престави од репертоарот на струмичкиот театар но и побараа политиката да ги тргне рацете од културата

Незадоволството на струмичките актери од изборот на диркетор на Центарот за култура трае повеќе месеци. Од минситерството за култура кажаа дека единствено Васил Бубев ги исполнувал правно формалните услови на распишаниот конкурс и однапред не треба да се суди за менаџерските способности за одредена личност.

0 Коментари

Остави коментари