Актерите од струмичкиот театар на средба во кабинетот на Пендаровски, бараат помош за разрешување на директорот
Foto

Актерите од струмичкиот театар на средба во кабинетот на Пендаровски, бараат помош за разрешување на директорот

Започнаа во министерството закултура, завршија во вила Водно, актерите од струмичкиот театар Антон Панов побараа помош за разрешување на новиот директор на театарот и во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Бараат директорот да биде тргнат од сегашната функција, бидејќи сметаат дека се работи за политичка одлука и дека тој  не е компетентен да менаџира со таа установа од културата бидејќи по професија е професор по физичка култура.

Актерите одржуваа протести во Скопје и Струмица, имаа и неколку средби со министерката за култура Ирена Стефоска, но не беше најдено заедничко решение. Испратија и тужба до Управниот суд и претставка за фаворизирање на кандидат до Антикорупциска.

0 Коментари

Остави коментари