АХВ: Во земјава нема канцерогено млеко, ВМРО-ДПМНЕ неосновано шири паника
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) рекоа дека тврдењата на Трипуновски се неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда. Од Агенцијата велат дека при увоз на млеко од Србија и од Босна и Херцеговина се земаат мостри на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање задоволителен резултат од тестирањата. Од Агенцијата тврдат дека нема канцерогено млеко во земјава.