АХВ во акција: Уништени речиси 70 тони небезбедна храна

Скоро 70 илјади килограми небезбедна храна, за период од јануари до август, била спречена да заврши на трпезите по домаќинстата вели првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.

Се работи за храна од домашниот промет и од увоз, паралелно со тоа бил забранет и увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло.

Операторите кои не се придржуваат до стандардите покрај со парични казни се соочуваат и со неможност за извршување на својата активност. Несовесните оператори кои оперираат со небезбедна храна често завршуваат и со прекин на својата дејност. 

На денот на светскиот ден на храната од АХВ информираат дека Агенцијата спроведе вкупно 74.838 инспекциски надзори, опфаќајќи го домашниот промет и увозот на храна, како и надзорот во областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните, вклучително и контролите на фармите и при увозот и транзитот на живи животни и посочија дека безбедната храна е заедничка одговорност.