АХВ нареди итно повлекување на виршли „Вуди“ поради присуство на бактерија

Агенцијата за храна и ветеринарство нареди итно повлекување од пазарот на 3030 килограми виршли од брендот Вуди, кој кои како што и за ТВ 24 изјави директорот на АХВ, Николче Бабовски, во Италија било утврдено присуство на бактерија Листерија моноцитогенес.

Бабовски рече дека е наредено итно повлекување на сите небезбедни серии од овој производ, потенцирајќи дека досега во земјава не е регистриран случај со труење од оваа храна. 

Од компанијата Колид С Тим, преку која биле увезени спорните серии од овој производ во земјава,  велат дека веќе е започната доброволна процедура за повлекување на овие производи од македонскиот пазар, бидејќи како што велат неправилниот начин на складирање на проиизводите и непридржувањето до упатствата може да ја направат храната небезбедна за комуникација. 

„Компанијата ги информира потрошувачите дека производите кои се повлекуваат од продажба се безбедни за консумирање доколку истите се соодветно чувани и консумирани согласно инструкциите. Компанијата потенцира и дека работела во согласност со важечките закони и дека сите производи се пласираат на пазарот само откако ќе ги поминат внатрешните стандарди на проверка и многуте други официјални контроли.“

Од компанијата упатија и извинување до потрошувачите за повлекувањето на овие производи, потенцирајќи дека станува збор за доброволно повлекување, спроведено како мерка на претпазливост.