АХВ нареди итно повлекување на виршли „Вуди“ поради присуство на бактерија

Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во  Македонија – виршли од брендот „Вуди“, кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија, Агенцијата за храна и ветеринарство, нареди итно повлекување на  неколку небезбедни серии од тој производ. 

Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3 илјади и 30 килограми, кои се ставени под службен надзор. 

Овие количини ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот, истакнаа од АХВ...