АХВ идната недела ќе ги објави млекарниците што мамеле со декларации

Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов но не ги кажа компаниите кои беа предмет на дискусија во јавноста откако се обелодени дека продавале производи со намален квалитет. Миланов тврди дека се работи за произовди кои се безбедни но дека проблемот е во намалениот квалитет. 

Потенцираше дека се работи за 10 македонски компании од кои две се занимаваат со увоз. Појасни дека ќе следат засилени контроли но овој пат наместо само по маркетите тоа ќе биде насоченпо и кон произвбодствените капацитети. 

Анализите на млечните производи достапни на македонскиот пазар открија сериозни отстапувања меѓу декларираниот и вистинскиот состав на продуктите. Иако АХВ веќе изрече одредени парични казни, општествениот притисок за промена на законската регулатива и воведување построги санкции се зголемува, со цел да се запре практиката на користење ефтини растителни замени во млечните деликатеси.