АХВ: Две активни забрани за увоз на храна

Две активни забрани за увоз на храна издадени од агенцијата за храна и ветеринарство, бразилско пилешко поради птичиј грип и месо од мали преживари од Албанија, бидејќи се појавило чума во областа мал Дебар, место Кастриот, на фарма со 200 кози имаше појава на ново жариште на болеста по пријавата на првиот случај во областа Скадар. 

Директорот на агенцијата Оливер Миланов уверува дека македонското население генерално јаде безбедна храна. За шест месеци биле уништени над 56 тони храна која што била класифицирана како небезбедна од страна на АХВ причините за ваквата класификација најчесто биле присуство на бактерии во минерална вода, нејодирана сол, поголемо количество пестициди во заленчуците и овошјата.

Трибината за зголемување на јавната свест за безбедноста на храна се организира од АХВ со европската агенција за безбедност на храната на која се зборуваше за улогата и значењето на EFSA во системот за безбедност на храна во ЕУ и интеграцијата на земјите кориснички на ИПА. Покрај ова се дискутира и за нутритивните потреби и навиките во исхраната, како и за нутритивните и здравствените тврдења.