Ахмети за ТВ24: На огнените ќе им ја испејам ,,Црни облаци дуваат"
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред почетокот на состанокот на Централното претседателство на партијата за ТВ24 изјави дека на огнената група ќе им ја испеел песната ,,Црни облаци дуваат".
На состанокот ќе се разговара за т.н. ,,европски фронт", но незадоволната, огнена група во партијата очекува да се отвори и прашањето за разликите кои ги имаат во партијата, односно нивното барање првиот вицепремиер Артан Груби да биде тргнат од сите партиски и државни функции.
Песната која ја цитираше Ахмети пак, на еден партиски состанок ја пееше Блерим Беџети, член на огнените.