Ахмети за ТВ 24: Преку протести до закон или уставни измени за легитимитет

Протести пред Собрание и пред Влада - за да се дојде до закон или уставни измени за легитимитет  ова го најави за ТВ 24 лидерот на ДУИ Али Ахмети. Лидерот на Дуи во разговор за тв 24 ги отфрла сите идии за кандитионзиација  и федерализација на македонија , и тврди дека за него е светост Охридскиот договотр, атој не е анархист . 

Сето ова Ахмети вели дека му го кажал и на премниерот Христијан Мицкоски на нивната средба. На пораката на Мицкоски дека ДУИ подготвува дестабилизација со контра одговор – дестабилизација на мултиуетничка Македонија е кршење на Охрисдскиот договор, укинување на Балансерот, укинување и чепкање на албаснкиот јазик .

- Ова е наша држава , ние не сме непријатели на оваа држава, албанскиот јазик не е непријателски јазик на оваа држава. Ние не го оспоруваме ни македонскиот јазик, ниту македонската култура , ние ги поддржуваме сите изјаснувања што се однесуваат на македонскиот народ. Но не да се потцени јазикот и да се враќа ситуацијата назад со негирање на албанскиот јазик и исклучувајќи ги Албанците од институциите . 

и галсно порачувата кој треба да ги претставува Албанците во владата и дека , последниот случај кога Мицксоки направи влада со Дуи освен штое кршење на рамковниот договор е и манипулација на изборните резултати 

Мора да биде облигаторно секој мандатар да ја почитува волјата на втората најгоелма заедница во земјава. Зошто инаку тогаш Албанците би галсале на избори , доколку нивните претставници не ги претставуваат во институциите . 

Лидерот на Дуи не откри колку ќе траат протестите , ниту дали ќе бидат амо во Скопје или и во другите градови, а на прашањето  дали крајна цел е предвремени избори одби да одговори . Во разговор з атв  тв 24 призна дека завакви измени потребен е консензус, но и порача дека во геополитичкјата состојба во која се наоѓа Европа и Украина, Македонија мора да биде како што рече стабилна држава . Тв 24 веќе објави дека тој го мобилиира своето членство , но и дека наскоро ќе почне и средби со граѓани, кои треба да завршат со протести .