Ахмети за ТВ 24: Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема

Доколку екс министерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинетлна клупа за катастрофалнолиот пожар во импровизирана дискотека „Пулс“ во Кочани - ДУИ  излегува на  улица вели за ТВ 24 лидерот на партијата Али Ахмети.

Евентуалното обвинение за Бектеши за кој лидерот на ДУИ вели дека е политички прогон, не само што според Ахмети ќе ги извади интегративците на улица, тие ќе дадат и поддршка на протестите на семејствата на кои им загинаа децата во Кочани, но и како што вели Ахмети нема да се повлечат додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентрни избори.

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејставта на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат несeлективна прaвда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори. Во пакетот мора да има и ветинг на сите функционери од осамостојуањето на државата до  денеска, вклучително и судиите и јавните обвинители, да се истражи приватизацијата, да се испита потеклото на имот. Ако се чепне албанскиот јазик ДУИ ќе ги бојкотира локалните избори, кои без ДУИ не можат да успеат, по што државата ќе биде во политичка криза која ќе мора да заврши со избори.“ - вели за ТВ 24 Ахмети 

Првиот интегративец тврди дека понудата за предвремени парламентарни избори заедно со локланите дошла од премиерот Христијан Мицкоски уште пред 100 дена Влада и пред Мицковски да го предизвика на предвремен маратон лидерот на СДСМ Венко Филипче  во Собранието, но не прецизира дали била дел од пакетот со кој ДУИ му обезбеди гласови на ВМРО-ДПМНЕ за реорганизација на Владата. Дециден е дека главниот мотив бил на Мицкоски бил да се заштедат пари, но и тоа што доколку наесен има двојни избори, Македонија дури во 2029 ќе гласа и тоа на три изборни циклуси .Ахмети тврди дека потоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се премислил и најавил дека парламентарни најрано може да има пролетта во 2026, но за него тоа прашање не е затворено и не исклучува комуникација за него со Мицкоски.

Ахмети потврдува дека  со се уште актуелниот коалициски партнер на Христијан Мицкоски, Арбен Таравари имал три средби, не исклучува соработка за локалните избори, но вели се уште не прецизирано како ќе оди соработката и дали било во прв или втор круг.

Сè уште нема конечни разговори, ДУИ се уште ги нема свикано раководните тела на партијата. Мислам дека во рок од една недела ќе бидат свикани највисоките партиски органи, ќе се разгледаат сите состојби“, Али Ахмети.

Не е конкретен колку  во фокусот во одредени општини го гледа и СДСМ како потенцијален партнер за локални избори, бидќеју тврди се ќе зависи од тоа дали Македонија во октомври е трча и локални и парламентрани избори, но и дали Дуи ќе ги бојкотира изборите.