Ахмети: Со Алијанса за Албанците сме во разговори за влез во Владата

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети вели дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори за можен влез на партијата на Таравари, Алијанса за Албанците (АА) во владата, но како што посочи, се уште е рано за некаков епилог од тие разговори.

„Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претставници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата“, рече Ахмети.

Премиерот Димитар Ковачевски пак вчера негираше дека со Таравари разговарале за нивни влез во Владата.