Ахмети преку анкетна комисија бара одговорност од Стоилковиќ и Гаши за инцидентот на реконструкцијата на Владата

Али Ахмети со сериозна офанзива во Собранието – ДУИ на повеќе фронтови против власта –  бара анкетна комисија за инцидентот со Иван Стоилковиќ за време на реконструкцијата на Влада, кој според тврдењата на опозицијата ги навредувал и пцуел пратениците на опзозицијата, а за време на паузата според ДУИ ја нападнал пртаеничката Арбана Пашоли во клубот на пратеници во Собранието . Во документот  до кој дојде ТВ 24  стои дека комисјата треба да ја утврди хронологијата , но и реакцијата на надлежните, односно според најаваат и  одговорнсот на собранискиот спикер Африм Гаши. 

Според текстот ДУИ предлага сите учесници во инцидентот да се испитаат , со посебен акцент на Стоилковиќ

„Анкетната комисија има за цел да ги утврди сите релевантни факти, и околности поврзани со настанот да ја испита постапката на надлежните институции и службите на Собранието како и да утврди дали со постапувањето или непостапувањето на одговорните лица се повредени достоинството и интегритетот на Собранието, правата на пратениците и принципите на транспарентност и отчетност.Анкетната комисија ќе го испита однесувањето на сите инволвирани лица особено на членот на Владата кој учествувал во инцидентот како и постапувањето на надлежните служби и раководството на Собранието“. 

Според информациите на ТВ 24 до крајот на неделава Дуи и офицјално ќе ја поднесе иницјативата до Собранието. ЗА анкетната комијсја потребни с е20 потпсии а на докуемнтот потпишани се сите пратеници од албанската опозиција, вклучително и независниот Илир Демири, како и пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, кој според сведочењатат беше директно напдбата од минситерот з алокална самоуправа Иван Стоилковиќ . ДУИ чека потпис и од вториот пратеник на СДСМ Митко Трајчуловски, кој истотака беше цел на напад од Стоилквиќ. Според неофицјалните информации од извори од опозицијата , документот бил понуден и на ПГ на СДСМ , но оттаму досега не ја потпишале .Битиќи за ТВ 24 вели дека ќе поддржи секоја иницијатиова , но и потенцира дека очекува и  одговорност 

Фатмир Битиќи – СДСМ: Секој што го нарушува кредибилитетот на Собранието, ја доведува во прашање безбедноста и интегритетот на пратеникот и Собранието. - на соодветен начин треба да се побара расчистување на случајот. Ако треба и свикување на Анкетна комисија но без исклучување на сите други законски чекори кои треба да се преземат. 

На седницата за реконструкцијата за Валдата откако Фатмир Битичи и Митко Трајчулевски ја критикуват Владата за „српски свет“ , премиерот во контра реплика ги навреди , а според сведочењата на опозицијата Стоилковиќ ги нападнал со што за влакно било избегната тепачка. Опзицијата ја напушти седницата бидејчи не доби извинување од премиерот и Стпилковиќ, а бидејќи не добија ја напуштија седницата . Мицкоски пред да се галса за реконструкцијата им се извини на граѓаните , но пред празните столчиња на опзоиционерите.