Ахмети откако ги бојкотираше, ги „поздрави“ Влен: „Се обединија за да пропаднат“

Влен се обедини за да пропадне. Избраа двајца кормилари да го управуваат истиот брод кој веќе забрзано тоне. Вака опозициската партија ДУИ реагираа на вчерашниот конгрес за спојување на Вреди во една партија која ќе има двајца претседатели, Билал Касами и Изет Меџити. 

Во реакцијата велат дека новиот модел не е обединување туку обид политичките субјекти да се сокријат зад едно име. Од партијата обвинуваат и дека Вреди иако е две години дел од васта сепак не ги исполниле ветувањата со кои настапувале пред гласачите.

ДУИ

- Албанците не заслужуваат политички експерименти. Вчерашниот ден треба да остане запаметен само како почеток на крајот на еден политички блок кој ја жртвуваше иднината на сопствениот народ за да ги зачува фотелјите. Коалицијата ВЛЕН се соочува со вистински кадровски дебакл. Додека одвнатре се распаѓаат, продолжуваат да испраќаат лажни пораки за „нула корупција“, додека реалноста ги демантира на секој чекор. Не може да се бори против корупцијата партија создадена вештачки, кога самата ја практикува во дело.

За двајцата копретседатели на Вреди, Касами и Меџити, соединувањето на Вреди претставува политичка зрелост која ќе работи во интерес на граѓаните. Ќе биде политички мост за соработка меѓу албанците во државава.

Билал Касами, копретседател на ВЛЕН

- Пет политички партии и неколку организации се соединуваат во еден субјект во една политичка партија во едно тело не за да го сменат само политичкото размислување туку и да станат реален показател дека политиката соединува а не дели. Политиката е да служи на граѓаните а не да ги злоупотреби позициите во државата.

Изет Меџити, копретседател на ВЛЕН

- Во албанскиот кампуст имаше монопол долго време и гласачите бараа промени од пред 10 години и проблемот беше кај опозицијата. Ние тоа го прочитавме добро, и затоа се споивме тогаш беше императив да се споиме како опозиција, да се обединиме и да бидиме како коалиција Влен и од тој момент од тогаш од опозиција сега сме позиција и ги претставуваме албанците во Македонија.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за Телевизија 24 вели дека главниот предизвик за Вреди во моментов е дали ќе состават функционална партија бидејќи според него, меѓу гласачите и раководството на партијата има хетерогени идеи.

Петар Арсовски, политички аналитичар

- Во албанскиот блок на македонската политичка сцена најверојатно тоа ќе значи некаква дихотомија во смисла на тоа дека ќе се појават два големи блока кои ќе си парираат еден на друг. Главниот предизик за Влен е дали ќе состават функционална партија бидејќи таму има хетерогени идеологии и покомплициран одлучувачки механизам.  Спојувањето на Влен секако ќе им донесе политички бенефит и ДУИ ќе биде под посериозен предизвик со тоа во наредниот период.  

На конгресот за спојување на каолицијата Вреди во партија освен избрфаните двајца претседатели, избран беше и Беким Сали за функцијата генерален секретар, а за потпретседатели беа избрани Мимоза Муса и Беким Ќоку. На конгресот освен делегатите на Вреди, присутни беа и претставници од другите политички партии, премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Косово Албин Курти. За прватпат на конгрес на партија на албанците во земјава  не се интонираше албанската химна, но не с еинтонираше ниту македонската , туку само на ЕУ.