Ахмети: Орелот ќе ги води Албанците кон мир, но и кон патот до Брисел

Орелот ќе ги води Албанците кон мир, но и кон патот до Брисел. Ова е пораката која ја испрати од центарот на Скопје на свечениот настан во македонската филхармонија првиот интегративец Ахмети честитајќи им го Денот на албанското знаме, но и азбука на Албанците во Македонија, но и во останатите земји од регионот каде што живеат.

Благодарение на тоа знаме лидерот на ДУИ со порака дека Косово е реалност, а Албанците се државотворен народ.

- Како што орелот не носеше во војни и победи до сега, од сега ќе не води кон мир но и на патот кон Брисел. Како резултат на овој орел денеска го имаме Косово но и државотворноста на Албанците во Северна Македонија. - рече Ахмети.

Политичките пораки во пресрет на престојната изборна година и евентуалните коалиции изостанаа на прославата. Речиси цела недела партитие од албанскиот блок со своја иконографија го одбележуваа денот на албанската азбука и знаме во Скопје, но и во Тетово Гостивар и во останатите градови каде што има албанско население.