Ахмети: Нема да делуваме ниту со емоции, ниту во еуфорија
Foto

Ахмети: Нема да делуваме ниту со емоции, ниту во еуфорија

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил објави дека е во постојана комуникација со сите политички партии освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев.

- Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција , ниту со еуфорија, пишува Ахмети на фејсбук статусот по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство.

Ахмети наведува дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, и во неможност да одговори на сите, порачува, „заедно ќе успееме“, најавувајќи дека за сите случувања партијата ќе информира навремено. – Заедно засекогаш и во секој предизвик, дополнува Ахмети.

0 Коментари

Остави коментари