Aхмети и Oсмани ги покажаа орлите, Бектеши прес конференцијата ја започна на албански јазик
Foto

Aхмети и Oсмани ги покажаа орлите, Бектеши прес конференцијата ја започна на албански јазик

Лидерот на ДУИ и коалициски партнер на Зоран Заев, Али Ахмети и вицепремиерот Османи го прославија озаконувањето на двојазичноста со слика од вкрстени раце како симбол на двоглав орел. Министерот за економија Крешник Бектеши кој доаѓа од неговата партија пак започна прес конференција на албански, па потоа се обрати на македонски јазик. Досега за Бектеши ова не беше пракса на прес конференциите, но за него нема ништо спорно со оглед на тоа што јазикот е афирмиран во законот. Венко Филипче пак направи споредба со употреба на јазиците во Швајцарија.

Законот кој речиси една година беше ставен на чекање кај Иванов, и беше во сенка поради договорот од Преспа, повторно стана актуелен кај стручната јавност. Се огласија дел од јазичарите и правниците.

„Не е легитимно, вештачки се озаконува нешто што не одговара на реалната ситуација што ја имаме. Стануваме билингвална земја во услови кога реална билингвалност не постои. Зошто досега не профункционира законот за јазици ако се е во ред со него?“ - смета Елка Јачева Улчар - Институтот за македонски јазик

За Мирјана Најчевска нема ништо спорно во процесот, виновник вели е Ѓорѓе Иванов бидејќи не го потпиша.

„Не, не е државен удар формално објавување на Закон кој е легално донесен од страна на легално избраните пратеници во Собранието на државата. Државен удар е непотпишувањето на овој закон од страна на претседателот на државата спротивно на Уставот.  вели Најчевска.

Со Законот за употреба на албанскиот јазик ќе има најмногу промени на државно ниво. Државните институции, установи, агенции, и сите организации во кои се вршат јавни овластувања, ќе станат двојазични. Албанскиот јазик ќе се употребува во Влада, министерствата, обвинителствата, судовите. Истото важи и за униформите на полицајците, пожарникарите и здраствените работници, само во општините каде што живеат на 20 % албанци. Парите и поштенските марки пак ќе содржат албански симболи. Доколку институциите не го почитуваат новиот закон, ќе следи парична казна од 4000 до 5000 евра, а службеното лице ќе плати 30% од казната. Воедно, ќе се формира институт за албански јазик и инспекторат. Заега никој не кажува колку лица ќе бидат вработени и колку тоа ќе чини.

0 Коментари

Остави коментари