Ахмети и „огнените“ - очи в очи, министрите на ДУИ сигурни

Огнените интегративци ќе се најдат очи в очи со лидерот Али Ахмети за на маса да ги расчистат работите, најавува за ТВ висок партиски функционер на ДУИ. Според истиот функционер, тоа не значи дека Ахмети ќе им ги исполни желбите на довчерашните најблиски соработници, бидејќи како што вели истиот функционер Ахмети е работи под уцени, но и под притисок.

Се оечкува да им каже дека борбата во ДУИ се води во Мла артечица, а не пред медиумите, но и поважно дека ниеден од министрите на ДУИ нем ада ја напушти Илинденска број 2

Дел од интеградтивците кои се во кругот на лидерот и контра огненанат гру, тврдде дека се изненадени за незадоволствто од огеннатагрупа бидејќи како што велат се консултирани и дел од финкицонероте во вториот и третиот ешалон се токму на предлог на општинските организации кои ги раководат токму дел од членовите на огнената група. А според истиот извор меѓу нив според истиот извор и блиски  нивн и роднини. 

„Лидерот Ахмети ќе се сретне со претставниците на т.н „огнена група“ , затоа што како демократ сака работите да се расчистат внатре во партијата. Но и ќе им каже дека сите министри на ДУИ остануваат на своите позиции. Ахмети не прифаќа уцени и притисок“ вели за ТВ 24 висок функционер на ДУИ 

Официјално  од ДУИ и денеска молк.  А не коментира ниту и првиот вицепремиер и генерален секретар на партијата Артан Груби.

Од огнената група за тв 24 денеска само кусо велат дека остануваат на своите позиции и ќе му ги повторат јасно и гласно на лидерот. ТВ 24 вчера по брифинг со огнената група порача дека немаат намера да се откажат од како што велат демонополизација на партијата од артана груби и да го спасат ДУИ и ахмети од судбината на ДПА. Но најавија и притисок во Собранието со интепелации, а  партиска непослушност, но и можни прегрупирања.

И додека во ДУИ допрва се чека разврска н или есклаација на превирањата – коалицискиот партнер на Али Ахмети, Димитар Ковачевски загрижен з амнозинството. Според неофицијалните информации на ТВ 24 Ковачевски се слушнал со Ахмети за детали по писмото на огнената група и барал гаранмции од лидерот на ДУИ  дека мнозинството е стабилно, за што добил уверување дека сите министри на ДУИ остануваат на своите позиции.