Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск
Еден трилион долари за Илон Маск. Акционерите на Тесла одобрија рекордна компензација за извршниот директор на компанијата. Најбогатиот човек во светот ќе ја добие најголемата корпоративна исплата во историјата, но само ако ги исполни целите кои се утврдени.
Маск ќе треба да ја доведе Тесла до пазарна капитализација од 8,5 трилиони долари, осум пати поголема од нејзината сегашна вредност...Тој исто така ќе треба да распореди милиони автономни возила и хуманоидни роботи и да го задржи профитот на компанијата во стотици милијарди долари во следната деценија.
Илон Маск
„Ова не е само ново поглавје за Тесла туку целосно нова книга. А таа нова книга значи огромно зголемување на производството на возила и забрзување на производството на ‘Оптимус’ побрзо од се што некогаш било постигнато во човечката историја. Она што започнуваме денес е нешто поголемо од автомобилите. Тоа е целосна еволуција на човечката технологија. “
Главните цели на планот за компензација, поделени во 12 транши, го отвораат патот Тесла да постигне огромна пазарна капитализација... Доколку стигне до тоа, Маск ќе може да заработи дополнителни 12 проценти од акциите на компанијата...Во текот на една деценија, тој ќе мора да им испорача на клиентите 20 милиони електрични возила „Тесла“, да продаде 10 милиони активни претплати за целосно автономни возила, да развие и продаде еден милион хуманоидни роботи и да распореди еден милион роботски такси во комерцијална употреба..Маск, исто така, ќе мора да ја доведе компанијата до 400 милијарди долари реални приходи во четири последователни квартали.
Неколку моменти откако беше одобрен планот, Маск се качи на сцената, почна да танцува а робот ги имитираше неговите движења, преставувајќи ја на иднината на Тесла, за која Маск тврди дека е тесно поврзана со роботиката...
Но не сите се задоволни од одлуката..Одобрувањето дојде и покрај противењето на некои големи инвеститори, вклучувајќи го и норвешкиот суверен фонд за богатство...За сенаторот Берни Сандерс, пак одлуката е целосно апсурдна.
Берни Зандерс – сенатор
„Луѓето не можат да си дозволат кирија, здравствена заштита, храна, ниту достоинствено пензионирање. А ние зборуваме за човек што веќе поседува повеќе богатство од 52 отсто од американските домаќинства – и сега ќе стане уште побогат.“
Сепак, одборот на Тесла стравуваше дека Маск би можел да ја напушти компанијата ако пакетот не биде одобрен...Веднаш по соопштување на одлуката, акциите на Тесла пораснаа за за помалку од 1 отсто, по претходниот раст од 3,4 проценти..

