102 лица се упасени ширум Европа поради сомнение дека предизвикале опасност по граѓаните и влијаеле на ширење на инфекцијата со Ковид 19 преку неправилно и незаконско управување со отпад.
Изречени им се прекршочни казни на повеќе од 19 претпријатија и поединци. речиси 280.000 проверки на уреди за санитарен отпад и транспорт, кои биле пресудни во запирањето на илегалната трговија, складирањето и одложувањето на отпадот и измама со документи, направиле инспекторите на терен.
Овие истраги се направени во рамките на зедничката акција „Ретровирус“ која ја спровел Европол во 30 држави на ЕУ и во три во Западен Балкан меѓу кои Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина.
- За да го зголемат профитот, го намалиле времето на стерилизација и со тоа го загрозиле јавното здравје. - велат во Европол.
Најголемата акција спроведена е во Португалија, каде се извршени инспекции во повеќе од 2.000 компании, болници и здравствени центри, уапсени се 30 лица. Според извештајот илегални пакети пронајдени се во карго пратки во Грција, Полска, Ромунија и Словачка.
Од Европол наведуваат дека од почетокот на пандемијата, се почесто има незаконски третман и одложување на санитарниот отпад, поради што е покрената операцијата „Ретровирус“.
0 Коментари