Ајдини за ТВ 24: Во иднина националноста ставена на електронскиот профил ќе биде статична и затворена

Лаура Ајдини советник на министерот во министерството за информатиччко општество и администрација во емисијата 24 анализа истакна дека има злоупотреба на ниво на партиско вработување, иако имаме електронски постапки.

- Најмногу се бодираат интервјуата и МИОА работи на решавање на тоа и во новите законси решенија што ги имаме во законот за административни службеници е дека во иднина сите одделенија за човечки ресурси во цел јавен сектор, ќе се обучуваат за да може да спроведуваат најсоодветни интервјуа и да бидат објективни. Овие закони минатата недела се објавени и очекуваме сите засегнати страни да дадат мислење. Проблемот со вработувањата постои и работиме на тоа решение и еден од предлозите во новиот закон е при пополнување на електронскиот профил, е националноста да биде статична и затворена. - рече Ајдини.