Ајдини за ТВ 24: Претседателот во својот говор побара резултати што е најважно за граѓаните

Политичкиот аналитичар Газменд Ајдини во емисијата 24 анализа потенцираше дека не се согласува дека претседателот не се поставил како аналитичар во говорот.

- Да се осврне на сите збиднувања и да направи анализа и да излезе главни пораки му беше кратко времето. Имаше минимум 4-5 главни пораки кои се најреално најглавните кои се водоменот на неговите ингеренции. Пораките за криминалитетот и како треба да заврши, особено фактот што не може да постои асимилација. Реално историски тоа не се случувало, за уставните измени си го кажа ставот и таа е позицијата. Претседателот на крај побара резултати што е најважно за граѓаните. - рече Ајдини.