АИ може да стане царство за ширење на лажни вести
Битката со дезинформациите уште не е добиена, а треба да се бориме и со брзиот развој на вештачката интелигенција - Годинешниот Светскиот конгрес на Меѓународниот прес институт се осврна на овие теми, но и на актуелните прашања поврзани со социјалните мрежи.
Ако вештачката интелигенција „фаќа ритам“ со луѓето, во иднина ќе биде тешко да се одлучи дали компјутерите или луѓето ќе добијат работно место, но она за што се согласија сите присутни на Светскиот конгрес е дека медиумите мора да обрнат внимание, како да се спречат дезинформациите кои наголемо се шират на интернет просторот, а преку вештачката интелигенција, се заканува уште помасовно ширење на лажните вести.
„Мислам дека ако сте новинар и работите обични и повторувачки вести, тогаш многу е веројатно дека вашата работа ќе биде направена подобро од вештачката интелигенција. Но, ако сте новинар кој е критички настроен, и има вистински репортажи, или има барем емпатија, тогаш вашето човечко новинрство ќе биде многу повредно во иднина“, вели Чарлс Бекет.
„Новинарите треба да ја променат својата професија, од тоа да бидат новинари кои известуваат за она што се случува, да бидат и проверувачи на факти, односно да проверуваат и да анализираат што точно се случува“. - Фране Мароевиќ.
„Бројот на неточни информации и начинот на кој се споделуваат речиси и да расте. Во еден дел причина за тоа е фактот што технологиите постојано се развиваат и дека денеска е поевтино и поедноставно од претходно, да се произведуваат и да се заработува на дезинформации“, вели Ана Бракус.
Дискусијата пак, водеше и во насока на тоа какви се предизвиците за слободата и независното новинарство, особено под влијание на новите технологии и вештачката интелигенција, сето тоа измешано со дезинформациите.
На Светскиот конгрес во Виена, учествуваа новинарите од целиот свет ги споделуваа искуствата во борбата против дезинформациите, а учествуваа и група новинари од Македонија, преку проектот „Користи факти“ на Институтот за комуникациски студии.