„Агрокомора“: Одлуката за „замрзнување“ на цените на прехранбени производи може да ја продлабочи кризата
Foto

„Агрокомора“: Одлуката за „замрзнување“ на цените на прехранбени производи може да ја продлабочи кризата

Одлуката за „замрзнување“ на цените на прехранбени производи може да ја продлабочи кризата и да дојде до ограничување на пристапот до основните животни намирници – реагираа од Арго-бизнис комората при Сојузот на стопански комори. 

Бараат активирање на државните стокови резерви, a за долгорочно стабилизирање на пазарот на храна,  да се имплементираат и долгорочни мерки. 

Доколку не се постапи согласно препораките кои ги даваат алармираа дека ограничувањето на цените директно ќе предизвика ефект на „празни полици”. Надлежните пак уверваат недостаток од основни намирници нема да има.  

Дали неосновано се крева паника и дел од економистите велат нема да дојде до недостаток на основните намирници. Велат голем дел од компани од трговијата и производство на храна во време на ковид пандемијата генерирале висок профит.  

Владата пред три дена донесе одлука за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, млекото, свежо месо и сувомеснати произоводи, сирење и урда, на предлог на Министерстово за економија.  Оваа одлука ќе важи до крајот на јануари 2022. Доколку се увиди дека цените во трговијата се зголемиле во текот на ноември, можно е и проширување на листата.

0 Коментари

Остави коментари