Агенцијата за управување со одземен имот отстапува бесплатна стока
Foto

Агенцијата за управување со одземен имот отстапува бесплатна стока

 Агенцијата за управување со одземен имот, по претходно добиена согласност од Владата, денеска во депото во Идризово ќе отстапи бесплатна стока, односно над 100.000 парчиња текстил, обувки, канцелариски материјал, апарати за домаќинство…

Одземената стока ќе биде доделена на 26 институции, меѓу кои Министерството за труд и социјална политика, општини, за потребите на училиштата, Црвен крст, Комисија за односи со верските заедници за потребите на манастирите, Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи за потребите на ИВЗ.

0 Коментари

Остави коментари