Агелер: Посетата на Курти е бескорисна

Американските дипломатии во регионот со пораки во однос со посетата на косовскиот премиер Курти предизвика многу реакции во домашната и регионалната јавност. Амбасадата на САД во Скопје не сакаат да ја коментираат посетата на Тетово и Чаир во петокот.  

 

Настаните ги видовме како бескорисни и ве упатуваме на коментар во Амбасадата на САД во Приштина.

Американскиот амбасадор во Косово пак, Џефри Ховениер, со став за посетата кој рече дека САД не поддржуваат ниту „Голема Албанија“ ниту „Голема Србија“.

Соединетите Американски Држави не поддржуваат „голема Албанија“ или „голема Србија“, ниту пак прекројување на државните граници во балканскиот регион. Секој обид да се направи тоа би бил контрапродуктивен и дестабилизирачки. САД силно го поддржуваат територијалниот интегритет на сите земји од Западен Балкан, вклучително и на Косово. 

Кристофер Хил кој ја води американската дипломатија во Белград на прашање за оваа тема остава на фантазијата на населението.

 

Ќе ви препуштам на вашата фантазија што луѓето можат да мислат за настанот во Тетово или прашајте некој друг.   

Неофицијалната посета на косовскиот премиер во земјава беше без средби со државниот врв, но со заеднички активности со градоначалниците на Чаир и Тетово кои, добија прекршочни пријави за тоа што не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти како и локалните самоуправи со кои раководат.