Агелер: Најавата на идниот премиер дека ќе го користи уставното име при заклетвата е за поздравување

Американската амбасадорка Анџела Агелер ја поздравува најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на идната Влада Христијан Мицкоски дека при заклетвата како иден премиер и во настапите во странство ќе го користи уставното име на државата. 

Во интервју за „360 степени“, Агелер изразува надеж дека неговиот пример ќе го следат и сите министри. 

Од идната Влада очекува колку што може побрзо, да ги испорача ветувањата дадени за време на изборната кампања.