Агелер: Македонија и граѓаните направија повеќе од доволно за да ги отворат преговарачките процеси
Ако некој ми кажеше во 2013 година дека оваа земја ќе го смени своето име за да стане најновата членка на НАТО, јас ќе речев ова не е возможно. Ама го сменивте!“.
Ова го изјави американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, на отворањето на меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ што се одржува во Охрид, во организација на Младински сојуз - Крушево, со поддршка од Амбасадата на САД.