Афера „Тендери на директор на СОЗР“

Нови детали на опозициската СДСМ за случајот со како што велат семејната фирма на  директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски откако денеска од партиското седиште а повикувајќи се на извори од внатрепартиското антикорупциско тело обвинија дека по проверените наводи за комуникација и телефонски броеви кои комуницирале со фирмата е и телефонскиот број на Томовски  . Па откако вчера од Бихаќка обвинија дека токму оваа фирма добила над 5 милиони евра и над 160 тендери а најмногу последните две години  и денеска ги повикаа институциите да реагираат .

На ова денеска експресно со реакција се јави директорот на Службата за општи и заеднички работи Томовски кој наведува :

- Јас не сум сопственик,  и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба. 

Од компанијата Сити аутсорсинг експресно ја демантираа поврзаноста на Томовски со нив и дека тој нема како што наведуваат во дописот никаква деловна , кадровска и друга поврзаност 

Сити аутсорсинг: „Сити аутсорсинг’ како компанија која повеќе години успешно работи на пазарот, со над 70 вработени и со целосно, редовно подмирување на сите законски обврски кон државата и вработените, изразува длабока загриженост и разочараност од обидите да се наруши угледот и интегритетот на компанијата. Без да навлегуваме во политички пресметки или дневнополитички наративи, категорично ги демантираме сите изнесени наводи со кои се поврзува споменато лице со нашата компанија. Истото лице нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со ‘Сити аутсорсинг’“.

Од ОЈО кратко за ТВ 24 само посочија дека доколку има некакви преставки поднесени до нив за овој случај ќе известат но велат ова е повеќе во надлежност на ДКСК од каде пак вчера веќе посочија дека ги следат случувања и изјави на сите чинители за наводи за судир на интереси и корупција и доколку комисијата оцени дека има прсотор за нејзино постапување ќе отвори постапка, а исто така и доколку добие пријава.