Афера „Надзор“: Што е спорно во избраните фирми?
Високи хонорари за надворешни експерти во надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 д, спорни фирми кои се дел од конзорциумот, законски решенија кои оставаат простор за заголемување на цената на чинење на автопатите – во пресрет на стартот на изградбата се отвораат борјни прашања .
Според информациите на тв 24 од документ во кој се дава одговор за ангажман на надорешни лица се наведуваат износи на хонарари кои се движат до 300 илјади евра по човек. Телвизија 24 побара став од дел од оние кои наведени како експерти со ангажман во делот на надзор – иако ни беше најавено дека ќе бидеме контактирани, до овој момент не добивме повратен одгоговор. Повеќе пати се обидовме да стапиме и во контакт со ИРД инженринг која е ностител на конзорциумот, преку јавно достапните телефони, но одговор немаше.
Проектот автопати почнува засенет со бројни проблемтични прашања, пред се во надзорот, начинот на кој е избран конзорциумит, велаат од ВМРО-ДПМНЕ со тврдење дека тендерот е спроведен скандалозно - една од фирмите била елиминирана токму од владата при надзор на дел од железничкиот коридор, а друга е поврзана со криминлани активност.
Стојаноски го чека обвинителство за да биде повикан и да им ги рпедаде документите .- самоинцијативно вели не оди бидејќи не верувал на оние што ја водат институцијата – изјави во 24 анализа. Од СДСМ пак обвинуваат дека целта на опозицијата е да направи застој на овој проект.
За поранешниот министер за транспорт и врски Љупло балковски – не смеело да се дозволи концентрација на надлежности – иста фирма да биде и консултат и да врши надзор на прокетот, како што е во склучајов. Во исто време, тврди и дека законот со кој се ангжирани бехтел иенка има такви решенија што можат во иднина да донесат проблем.
Антикорупциска веќе најави дека собира документи за да се истражат ноадите во јавноста, особено по инфроациите дека можно е да има тендерски местенки, прилгадување за одредени фирмите, но и лобирања од страна на фунакционери .