Афера надзор на коридорите 8 и 10 д
Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на коридорите 8 и 10д, како и записникот од отворањето на понудите за јавна набавка на надзор и консултант за изградба на коридорите се наоѓаат на маса пред антикорупционерите.
Од Државни патишта за ТВ 24 велат оти во рок од два дена по применото барање, ги доставиле документите до антикорупциска.
- Јавното претпријатие за државни патишта во текот на минатата недела на 14.03.2023 година го доби Барањето за пристап до податоци од Државната комисија за спречување на корупција за кое ЈПДП имаше рок на постапување од 15 дена. Но, ЈПДП во рок од само два дена постапи по барањето и на 16.03.2023 година ги достави бараните документи по курир до ДКСК што може да се види и по приемниот штембил од ДКСК. - изјави Државни патишта.
Од друга страна, од Антикорупциска и денеска велат тврдат дека се уште ги чекаат документите од државнитhttps://www.youtube.com/embed/mv9ubvjNviA" title="YouTube video playerе институции инволвирани во овој случај, а потоа велат ќе постапуваат по истите, иако постапка најавија уште речиси пред еден месец.
Иако од антикорупциска велат дека барање за доставување на документација е испратено и до министерството за транспорт и врски, оттаму за тв 24 се децидни - велат до овој момент антикорупционерите не им испратиле никакво барање. И додека антикорупциска ВЕЛИ ДЕКА ги чека документите, премиерот Димитар Ковачевски вчера СЕ ОБВРЗА дека тендерската постапка ќе се повтори ако се утврдат неправилности.
ВМРО-ДПМНЕ пак, кои постојано објавуваа документи за скандалозно СПОРЕД НИВ местење тендери при изборот на фирмите за надзор на изградбата на коридорите, сега велат дека истите нема да ги достават до надлежните институции, туку борбата ќе ја водат преку медиумите. Според инфорамциите на ТВ 24, опозицијата размислува за опцијата да бара надзорна расправа или анкетна комисја во собранието за надзорот.
Тендерот за надзор вреден 22 милиони евра го доби конзорциумот фирми предводен од Италијанската ИРД Инжинеринг, а во јавноста излегоа големи сомнежи за фирмите кои се дел од конзорциумот.
Една од фирмите е Евро Консталтинг на Бранислав Димитриевиќ, македонски државјанин вмешан во голем корупциски скандал во Ерменија. Другата фирма е шпанската Ептиса за која Владата најпрво дава негативна оценка, а потоа истата станува дел од конзорциумот, додека за македонската Електра Солуншс, опозицијата објави дека истата била основана само три недели по објавувањето на јавниот повик.