Аеродромот во Хонг Конг забрани транзитни летови од повеќе од 150 земји
Foto

Аеродромот во Хонг Конг забрани транзитни летови од повеќе од 150 земји

На патниците од повеќе од 150 земји ќе им биде забрането да транзитираат низ Хонг Конг, соопшти аеродромот, како дел од најновите заострувања на мерките за борба против коронавирусот во градот.

– Услугите за трансфер/транзит на патници преку меѓународниот аеродром во Хонг Конг за сите лица кои престојувале на одредени локации од групата А во изминатите 21 ден ќе бидат суспендирани, се вели во соопштението на аеродромот објавено на неговата веб-страница.

 

Суспензијата ќе стапи во сила во недела и ќе трае еден месец.

0 Коментари

Остави коментари