АЕК: Засега нема пристигнато никакво барање за нов мобилен оператот

Официјално, до Агенцијата за електронски комуникации нема пристигнато барање или отворање на постапка за нов мобилен оператор во земјава. По најавите на министерот за транспорт и врски Александар Николовски дека се преговара со гигант од Унгарија - телекомуникациската компанија 4iG, засега тој не сака да даде детали.

Според информациите до кои дојде ТВ 24, се уште унгарската компанија нема донесено одлука, дали ќе инвестира во Македонија или не. Од АЕК за Телевизија 24 велат дека засега приватна компанија не се обратила до нив како можен инвеститор на кој ќе му биде потребно издавање на радио фреквенции за да биде трет мобилен оператор во Македонија.

„Според Законот за електронски комуникации, АЕК може по сопствена иницијатива, или по поднесено барање од заинтересирана страна да отвори постапка за доделување на радио фрекфенции по пат на јавен тендер или јавно наддавање. По поднесено такво барање се отвора јавна расправа и не може да биде пократка од 30 дена со це3л сите заинтересирани страни да може да се произнесат по ова прашање, бидејќи сепак се доделува државен ресурс на Македонија.“ - вели Игор Бојаџиев од АЕК.

Од АЕК, додаваат дека се за влез на трет мобилен оператор, со што би се подобрила конкурентноста и услугата за граѓаните. НО, засега јавноста има неколку дилеми, не се знае дали со унгарската телекомуникациска компанија се преговара за трет мрежен оператор, или пак владата води преговори потенцијалниот инвеститор да купи некој постоечки оператор и негово надградување, како што имавме случај во земјава пред неколку години.

Од телекомуникацискиот сектор за ТВ 24 велат дека ги следат најавите за нов мобилен оператор, но засега велат не може да коментираат каков бизнис ефект ќе има влезот на нов мобилен оператор. Засега велат дека информациите се штури, но секако поддржуваат подобрување на конкурентност.

„Поради недоволно информации неможе да се коментира прецизно. Ситуацијата на пазарот е после консолидацијата од три на два мрежни оператори да има и уште четири виртуелни оператори. Тоа допринесува за голем број на малопродажни понуди за граѓаните.“ - велат од МАСИТ.

Тоа што засега е познато е дека Николовски веќе имал средба со прeтседателот на унгарската групација Гелерт Жасзаи, по која излегоа со соопштение дека ќе се анализираат условите за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава како дел од стратегијата на групацијата за проширување во земјите од Западен Балкан. Унгарската компанија во Албанија и Црна Гора влезе на пазарот со телекомуникации преку купување на постоечки оператот во државите.

Инаку, држави како Македонија, па и помали како Црна Гора, Словенија или Фарски острови, Кипар или Малта имаат три или повеќе мобилни оператори. Европската унија во своите извештаи неколку години по ред потенцира дека треба да се подобри конкурентноста на пазарот со телекумуникациите особени по спојувањето на два оператори во земјава.