АЕК се луксузира со пенкала со кристали
Foto

АЕК се луксузира со пенкала со кристали

Агенцијата за електронски комуникации ќе купува пенкала со светкав столб од циркони кои во малопродажба чинат околу 50 евра едно. Агенцијата планира да набави дури 250 вакви пенкала кои би чинеле до 12.000 евра. Во огласот кој е објавен на 7-ми март и треба да се реализира на 28-ми, АЕК за репрезентативен материјал планира да потроши вкупно 29.000 евра. Еве што друго ќе купува Агенцијата за електронски комуникации:

„300 копчиња за кошула со логото на АЕК,... поло-маички, чадори... 150 ранци со антишок-прегради во внатрешноста за преносен компјутер и таблет, со отпорност за сечење и рефлектирачки траки, со приклучоци за мемориски уреди и слушалки како и со механизам за заклучување со шифрарник... 200 црни ташни... 200 аналогни ѕидни часовници, 200 часовници за на работно биро... 400 држачи за телефон во автомобил, 200 звучници блутут....

Во описот на набавката за целиот репрезентативен материјал стои дека изгледот на материјалите треба да биде елегантен. Количините пак за вкупно 21 репрезентативен материјал колку што бараат со огласот, варираат и се движат од 50 до 1.000 парчиња. Ваквата набавка во АЕК се коси со апелот на Владата - институциите да си ги скратат непродукивните трошоци. Од АЕК немаат одговор која е неопходноста од вакава луксузна набавка.

„Ќе добиете одговори на овие прашања од одговорното лице во текот на утрешниот ден, бидејќи денес е оправдано отсутна.“- ни одоговори на мејл директорот Сашо Димитријоски.

ТВ 24 се обиде да ги најде пенкалата по спецификацијата на АЕК. Ониее кои намногу одговараат на описот се со сваровски кристали и чинат од 2.500 до 3.150 денари. Ова е втор скандал годинава со АЕК. Јавноста беше шокирана од одлуката со која го зголемија буџетот за плати за 20 проценти, а платите на вработените во просек за 5 проценти. Просечната плата во ова регулаторно тело е околу 1.000 евра.

0 Коментари

Остави коментари