Адвокатот на таткото на Вања ќе ги почека следните сведочења пред да коментира за својот клиент

Исказот на Велибор Манев еден од обвинетите кој изнесе нови детали на вчерашното рочиште за двојното убиство на Ѓорчевска и Жежовски ја шокира јавноста.

Адвокатот Владимир Туфенџик кој што го застапува обвинетиот Александар Ѓорчевски таткото на убиеното девојче, за телевизија 24 вели дека во моментот одбраната останува без коментар се додека целосно не биде завршен распитот на Манев. 

- По однос на вашето прашање за коментар на исказот на Велибор Манев, како бранител ќе дадам свој коментар откако ќе заврши распитот на обвинетиот кој продолжува во понеделник со прашања на одбраната вклучително и одбраната на таткото на детето. Било каква изјава или коментар пред целосното завршување на распитот на обвинетиот според мене би значело прејуидицирање и компромитирање на постапката. - Владимир Туфегџиќ.

Случајот со нова димензија, девојчето било грабнато по грешка наместо возрасна жена на околу 40 годишна возраст, ќерка на бизнисмен од фармацевтската индустрија. За учеството во киднапирањето на обвинетите им се ветувало награда од 150.000 евра. Според зборовите на Манев не се планирало да има убиства.

Според сведочењето на Велибор Манев, сфатиле дека е направена грешка во второто киднапирање кога пристигнале кај месноста Оризови дупки, кога ја отвориле вреќата за спиење и виделе дете наместо жена. 

Следно рочиште е закажано на 17ти март.