Адвокатот на Таравари: Не знам како Судот донел одлука кога денеска немаше рочиште

Абидин Абдули, адвокатот на Арбен Таравари кажа дека официјално не се известени дека Зијадин Села е претседател на Алијанса за Албанците. Претходно од крилото на Села соопштија дека Судот пресудил во нивна корист.

Но, Абдули се прашува како е можно ова, со оглед дека немало закажани рочиште.

„Официјално немам добиено решение од Судот. Не се одржа седница, ако има одлука, тогаш таа е донесена без рочиште“, изјави Абдули информирајќи дека за овој предмет се сменети дури четири судии, а обвини за притисоци.

„Дефинитивно ќе се жалиме, не знаеме врз која основа е донесена одлуката“, рече Абдули