Адвокатот на Марковски за ТВ 24: Тој е во Битола, се врати од Србија
Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија Борче Марковски, обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК, се вратил во Македонија, изјави за ТВ 24 неговиот адвокат Марјан Николоски. Тој тврди, патувањето било неопходно,
Марковски на 29 јули преку граничниот премин „Табановце“ отпатува во Србија, откако претходно Основниот суд во Струга му го врати пасошот по приложена гаранција од над пет милиони евра. За случајот премиерот Христијан Мицкоски најави истрага поврзана со обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола, кој дозволил да му биде вратен пасошот на бизнисменот Марковски.
Адвокатот на Марковски со реакција токму на ова апорака на Мицкоски – вишото ОЈО Бт и судот постапиле како што налага процедурата на Советот на Европа, з аосомничени з афинсниски криминал не треба да има притвор , а Марковски дал сериозна гаранција во имот. Според него не треба да има ниту истрага .
ОЈО најави дека ќе има истрага за вишиот обвинител кој што наспроти обвинителот дал позитивно мислење иако првично сатвот на обвинителот бил негативен, по што судот му го вратил.
Битолскиот бизнисмен е обвинет за злоупотреби со тендери во РЕК „Битола“ вредни 1,7 милиони евра. За Марковски и уште седум физички лица, и неговата компанија како правно лице, обвинети за злоупотреби со тендери за дислокација на погонските станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола, судското рочиште е закажано за 2-ри септември. Битолскиот бизнисмен беше уапсен лани во октомври, а од притвор беше пуштен во јануари годинава.

