Адвокатката на Ѓошевски-Леви: Казните се високи, ќе се жалиме, притворот е неоправдан
Foto

Адвокатката на Ѓошевски-Леви: Казните се високи, ќе се жалиме, притворот е неоправдан

Адвокатката на поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски Леви, кој денеска беше осуден на 15 години затвор за Кравиот четврток, а од вечерва е во притвор, во 24 анализа најави жалба и за притворот, но и за казната затвор.

Николовска вели дека Ѓошевски редовно ги почитувал мерките за претпазливост, а има и гаранција и не гледа причини за бегство. Николовска најави жалби и за пресудата.

0 Коментари

Остави коментари