Администрацијата на американскиот претседател најави воведување на најтешки санкции за Иран
Соединетите Американски Држави ја почнаа финансиската офанзива против Иран..Операцијата, наречена „Економски отпадник“, ќе треба да го запре пристапот на Иран до глобалниот финансиски систем и да ги блокира приходите кои Техеран ги добива од извозот на нафта.
Американската администрација веќе се закани дека легитимни цели ќе бидат и сите држави кои ќе продолжат да му помагаат и финансиски да соработуваат со Иран...
Скот Бесент - министер за финансии на САД
„Претседателот разговара со светските лидери и има конкретни барања да ги прекинат своите интеракции со режимот. Веќе гледаме резултати. Ако тие не преземат мерки, ние ќе го сториме тоа еднострано преку овластувањата на Министерството за финансии. Немаме бесконечно трпение за ова. На сите им даваме можност да го поправат лошото однесување. Зошто би сакал да го урнам глобалниот финансиски систем? Веруваме дека е важно да се постават јасни граници, но тие треба да знаат дека ќе реагираме многу брзо и дека сме сериозни. “
Можно е и обновување на нападите.. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет не ја исклучи можноста за употреба на воена сила против Иран...
Пит Хегсет – секретар за одбрана на САД
„Ако треба да ги обновиме нападите, ќе го сториме тоа. Ако Иран е доволно неразумен за да претера со своите потези или да си игра со американската војска, ќе го направиме она што е потребно. Но, економскиот притисок во моментов најмногу ги погодува. “
Од Техеран пак порачуваат дека се целосно подготвени да се спротивстават на проширените економски санкции на САД..Од министерството за економија велат дека главните партнери на земјата, не ги прифатиле мерките на Вашингтон ..Тврдат дека и други држави наскоро ќе се спротистават на барањата на САД...Од Кинеското Министерство за надворешни работи веќе порачаа дека притисокот и санкциите не помагаат и дека Пекинг ќе продолжи да ги брани своите интереси.
Али Маданизадех – Министер за економија на Иран
„Владата беше и останува подготвена. Непријателите имаат намера да извршат економски терористички напад врз нас, но и ние имаме свои алатки и знаеме како да ја играме играта. Веќе не сме во дефанзива, непријателите треба да очекуваат напад.“
Најголема цена на крај плаќаат граѓаните..Жителите на Техеран велат дека после долги години санкции, цените на храната веќе се покачени.
Абас – жител на Техеран
„Млечните производи се многу скапи. Секој пат кога ќе влезам во продавница, цените на производите се различни. Платите и пензиите се покачуваат еднаш во годината, но цените се менуваат постојано.“
..Мохамед – жител на Техеран
„Санкциите го прават животот многу тежок. Со платите кои ги имаме, тешко преживуваме до крајот на месецот.“
Војната меѓу САД, Израел и Иран започна на 28 февруари годинава кога американските и израелските сили извршија напади врз Исламската Република. Иран возврати со ракетни и беспилотни напади врз Израел и американски цели во регионот, а го затвори и Ормускиот Теснец – една од најважните рути за транспорт на нафта и гас.

