Администрацијата е масивна, но, за преговорите со ЕУ ќе се бара помош од надворешни експерти
Foto

Администрацијата е масивна, но, за преговорите со ЕУ ќе се бара помош од надворешни експерти

Државата има по неколку помошници на раководителите во секторите во јавната администрација, но нема доволно квалификуван кадар за да ги истурка задачите кои ни ги дава Европската Унија. Министерот Манчевски призна дека администрацијата нема капацитет, па затоа сега покрај внатре од институциите ќе се бараат и луѓе од надвор, дури и преку повисоки плати за да се вклучат во процесот на преговорите. 

Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин, се надеваме, кој ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите. Ова е нешто на што ќе треба да работиме во следните неколку месеци, да одреагираме нормално бргу и навистина сметам дека ќе бидеме подготвени во оној момент кога ќе почнат преговорите да одговориме на барањата.Нормално е дека еден од аспектите е секако поголема мотивација од финансиски апсект, но не е секогаш и тоа, понекогаш луѓето бараат и друг тип професионална надградба и шанса да бидат вклучени во овие, би рекол историски процеси.- изјави Манчевски.

Манчевски е категоричен дека администрацијата ќе се крати до крајот на годината, но откази ќе нема, туку вишокот ќе се трансферира во приватниот сектор на доброволна основа. А преку јавни расправо пак ќе се бара начин како да се отстранат фалинките во законот за вработени во јавен сектор и тој за административни службеници.

Министерството увидело дека треба да се намали бирократијата при аплицирање за работа во јавна служба, како лекарско уверение, државјанство и слично кои сега се на товар на апликантите. Дека испитот треба да биде влезен елемент при рангирањето на кандидатите, треба и да се намалат звањата во администрацијата, а се предлага и нов начин на унапредување.

„Ограничување, условување на помошниците раководители на сектори, зошто тука е преголема слободата, така што почна да се појавуваат кај нас систематизации, сигурно одобрени од МИОА, зошто тоа законот го дозволува, по повеќе помошници во еден сектор. Тоа е сериозна најава дека можат да ни се јават непотребни работни места“ - Спасе Глигоров, директор на Агенцијата за администрација

Претставниците од невладиниот сектор пак се согласија дека има многу пречки при вработувањето во администрацијата. Забележаа и дека таа се полни само со правници и економисти, додека за надпросечни математичари нема место.

0 Коментари

Остави коментари