Администрација од канцеларија на улица - ќе се вклучи на големата акција за чистење на 14 декември

Вработените од државните институции ќе се вклучат во голема акција за чистење, која ќе се одржи на 14-ти следниот месец, на повеќе локации во Скопје, како и во поголемите градови во државата.

Со акцијата, сите вработени од институциите ќе се приклучат на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“- информираше министерот за информатичко општетсво и администрација, Дамјан Манчевски. Во акцијата се очекува да бидат вклучени над 40 илјади луѓе.