Адетокунбо се повреди и не можеше да го заврши натпреварот против Бостон

Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, се повреди на натпреварот против Бостон одигран ноќеска на домашен терен.

Милвоки победи со 104:91, а 29-годишниот Грк се повреди на крајот на третата четвртина и предвреме го заврши натпреварот. Се работи за повреда на левата потколеница поради која Јанис теренот го напушти со болен израз на лицето. 

Адетокунбо успеа да постигне 15 поени, забележа осум скока и седум асистенции.

По победата над Бостон, Милвоки е на второто место во Источната конференција на НБА со ефект 48-31 (победи-порази). Бостон е лидер со биланс 62-17.